Македонија
Филипче: Нема да биде исто, ќе треба да се одржува дистанца во рестораните, фабриките и автобусите
Заеднички е заклучокот на сите земји од светот дека оваа болест ќе донесе трајни промени не само во животот, туку и промени во здравствените системи, изјави министерот за здравство, Венко Филипче зборувајќи на онлајн прес видеосесија Ковид-19.
„Нема да биде исто, ќе треба да се одржува физичка дистанца и во рестораните и во фабричките капацитети и кај патниците кои ќе патуваат во автобусите. Секаде во светот ќе биде исто“, заклучи министерот Филипче, кој рече дека сите мерки ќе продолжат да донесуваат позитивни резултати за успешно справување со кризата од коронавирусот.
Тој рече дека ќе биде потребно да се одделат здравствените институции, едни само за третман на пациенти со коронавирус, други само за пациенти кои се негативни.
„Ќе биде ова период каде ќе треба да се одделат здравствените институции, едни само за третман со коронавирус, други за пациенти кои се негативни. Сето ова бара реорганизација, која ние веќе ја започнавме. Тоа значи матичните лекари да преземаат повеќе обврски, а болничките капацитети да се празни. Веќе сме спремни, да одиме во следната фаза, кога ќе се попуштаат рестриктивните мерки за ограничување на движење за да го издржиме и секундарниот удар на здравствениот систем“, рече Филипче.
Министерот за здравство оцени дека владините мерки биле донесени навремено, па затоа очекува бројот на новозаболени со ковид-19 да почне да се намалува на почетокот на мај. Тогаш, како што кажа Филипче, се очекува и ублажување на рестриктивните мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.
Македонија
(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.
„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.
Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.
Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.
„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово
Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва.
Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа“, кажа Димитриевски.
Противкандидат на Димитриевски во трката за градоначалник беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.

