Македонија
(Видео) Филипче: Новиот клинички центар во Ѓорче Петров се очекува да биде завршен за 7 години
Новиот клинички центар во Ѓорче Петров ќе чини 500 милиони евра, а ќе се финансира по кредитна линија од три комерцијални банки, кои доставија најдобра понуда, информира министерот Венко Филипче.
Под кои услови ќе се врши финансирањето, колкави ќе бидат каматните стапки, како и за колку време ќе се враќа кредитот, се прашањата за кои новинарите беа најмногу заинтересирани, а министерот Филипче ги упати тие информации новинарите да ги побараат во Министерството за финансии бидејќи таму ги правеле анализите и од ќе соопштат детали за тоа колку државата е задолжена за новиот клинички центар.
„Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки. Од нив, шест одговорија, по што избрана е понудата проектот да се финансира од банките „Ерсте груп“, Рајфајзен банк и „Уникредит“. Условите под кои ќе се враќа кредитот ги имаат во Финансии, па не би сакал да шпекулирам со бројки“, рече Филипче.
Министерот додаде дека имотно-правните односи се расчистени, а земјиштето на кое ќе се гради центарорт е целосно во државна сопственост, односно нема да има експопријација.
Клиничкиот центар ќе се гради на земјиште од 30 хектари, вкупната површина на центарот ќе биде 105 илјади квадратни метри и ќе се одвива во три фази, а целосно се очекува да биде завршен за 7 години.
Во првата фаза, како што посочи Филипче, ќе бидат завршени инфраструктурните работи, како што се поставувањето вода, струја, канализација, за што ќе биде отворен тендер во август.
„Кога ќе завршат подготовките на теренот и комплетното завршување на проектната документација, може да се почне со градба, па очекуваме тоа да биде на почетокот на следната година“, рече Филипче.
Тој информира дека физибилити-студијата е готова и набргу ќе биде ставена на јавен увид. Што се однесува до стариот дел од постојниот објект, Министерството сè уште размислува колку и што од него ќе биде оставено во функација. Министерот, сепак, појасни дека објектот нема да биде затворен, туку ќе биде наменет како градска болница за оние што живеат во тој дел од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

