Македонија
Филипче: Партизација наместо деполитизација, Мицкоски се враќа на режимските практики

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија.
„Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.
Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок.
СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира, велат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.
Македонија
Николоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.
Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.
Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.
На средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.
“Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи” – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Признанија за најдобрите ученици од општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием за учениците од општинските основни училишта кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.
Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината.
На вкупно 20-тина ученици и нивните ментори и годинава им беа доделени признанија за постигнатиот успех, што претставува признание за трудот на наградените, но и мотив за останатите. Учениците беа наградени за високи достигнувања на државните натпревари по македонски јазик, англиски јазик, биологија, природни науки, како и на натпреварот по Информатичко размислување, велат од Општината.