Македонија
Филипче: По 50 години целосно се реновира објект на Институтот за трансфузиона медицина
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче заедно со заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани и директорот на Институтот за трансфузиона медицина д-р Садула Усеини, вчера направија увид во објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот, каде се врши целосно реновирање.
„После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент“, изјави Филипче.
Станува збор за објект којшто е стар повеќе од 50 години, а реновирањето се извршува во рамки на планот и стратегијата за унапредување на здравствената заштита во оваа јавна-здравствена установа. Комплетно се обновува приемниот дел, направено е прилагодување и целосна реконструкција, која овозможува непречено циркуларно движење на пациентите. Во рамки на објектот ќе функционира една приемна соба за хемостатски лабораториски анализи за прием на примероци од другите здравствени установи и пациенти упатени од матични лекари за анализи, како и две амбуланти за специјалистичко-консултативна дејност.
Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.
Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и фемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

