Македонија
Филипче: Следува мирен период, кој остава простор за одржување избори
Ставот на министерот за здравство, Венко Филипче, и на Комисијата за заразни болести е дека ни следува мирен и стабилен период во врска со состојбата предизвикана од коронавирусот, кој остава простор за одржување на изборите. Министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога Комисијата ќе препорача одржување на изборите, одговори дека наесен има многу ризици, кои може дополнително да ја влошат епидемиолошката слика.
„Сето тоа што ние како рестрикција го донесовме и сакавме да го ограничиме, отворените граници, патувањата, влезот на странци, нашите луѓе во странство и враќањето назад, децата за враќање во училиште, сето тоа се фактори што може да ја влошат сликата. Исто така, и дополнителен евентуален број заболени од сезонски грип, кој се јавува во есенските месеци. Ги кажав аргументите зошто сметаме дека периодот пред нас ќе биде мриен, ќе биде период во кој епидемијата ќе биде апсолутно под контрола и ги кажав ризиците што може да дојдат во следните месеци, кои може да ја влошат епидемиолошка слика, а врз основа на кои предвидувања и на почетокот ги воведовме рестриктивните мерки“, рече министерот Филипче.
Скокот на новодијагностицирани пациенти изминативе денови, министерот Филипче вели дека бил варијација и дека најголемиот број од новите пациенти биле поврзани со точно утврдени настани.
Министерот смета дека строгите мерки изминатиот период дале резултат, па затоа пред нас, како што вели, е мирен период, во кој може да се менаџира и евентуално зголемување на бројот на пациенти, со кој е можно да се соочи здравствениот систем по олабавувањето на мерките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

