Македонија
Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава
Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во нашата држава, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и Дубаи, за утрово имаме информација дека авионот од Истанбул бил откажан, односно пролонгиран за неколку часа. Системот со термокамери на скопскиот аеродром е веќе воспоставен. Во текот на вчерашниот ден направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и тие ќе бидат присутни за време на скенирањето. Вчера имавме работен состанок со директорот на ТАВ, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата да биде поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација“, изјави министерот Филипче.
Доколку се констатира дека некој од патниците има покачена телесна температура, додаде тој, првиот чекор е интервју со епидемиолозите дали доаѓал од Кина и дали имал контакт со некои заразени.
„Доколку има таков случај, има алгоритам како се постапува и, доколку има таков случај, има протокол за излолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат којшто е веќе предвиден со тој алгоритам, со посебно возило на брза помош само за таа цел на инфективната клиника во Скопје“, рече министерот.
Во одговор на новинарското прашање, Филипче потенцираше дека однапред и пред скенирањето се знае колку пациенти, потенцијални заразени може да се очекуваат. Ова значи дека има двојна сигурност, и истите тие ќе бидат интервјуирани и ќе се знае како ќе се постапува.
„Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина ќе си оди преку преку матичниот лекар, а секој којшто доаѓа и има симптоми ќе се обрати на посебниот телефонски број, кој го има на дистрибуираните флаери од Институтот за јавно здравје. Работата е целосно под контрола и во овој момент не гледам ниту една причина за некаков ризик или паника“, истакна министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

