Македонија
Филипче: Тврдам дека не се вакцинирани владини функционери
Министерот за здравство, Венко Филипче, на седницата за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на паретник од партијата ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид-19.
Министерот посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот.
„Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да освоите некој евтин политички поен, меѓутоа ќе ве разочарам, ние оваа борба ќе ја добиеме. Сè што значи дозволен пристап на податоци на што самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат, од нивното здравствено досије, дојдете и земете ги. Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден функцинер, ниту еден министер во владата, ниту еден директор. Слободно дојдете, јас уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок“, рече Филипче.
Министерот обвини дека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата се обидува да го поткопа здравствениот систем со, како што кажа, лажни вести и клевети.
„Ние се бориме и за вакцините, меѓутоа се бориме и против лажните вести коишто вие ги ширите. Вашиот претседател Христијан Мицкоски во еден статус, кажа дека е многу задоволен од третманот на Инфективната клиника, додека заткулисно ги поткопувате сите можни обиди да се зајакне здравствениот систем во оваа криза којашто го снајде целиот свет“, рече Филипче во Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

