Македонија
Филипче: Угостителите работат по протоколи што се сосема доволни да се спречи ширењето на болеста
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска зборуваше за засилувањето на мерките со цел заштита од понатамошно проширување на коронавирусот.
Претходно, министерот најави дека по предлог на Комисијата за заразни болести до Главниот координативен кризен штаб предложил воведување полициски час, почнувајќи од среда, во периодот од 22 до 5 часот наутро.
Филипче во изјавата истакна дека мерките кои во моментов важат во угостителските објекти се доволни и ги повика инспекторатите да ги употребат зголемените ингеренции и почесто да вршат контрола за почитување на протоколите.
„Во угостителските објекти има протоколи и сè што треба е само да се почитуваат, а инспекторатите, свесни сме дека се нон стоп на терен и дека е голем притисокот, но ги повикувам колку може таа работа да се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не. Угостителските објекти работат со протоколи, сосем доволни во својство на стандардните принципи за да се спречи ширењето на болеста, така што ова е сега мерка, ќе видиме каков резултат ќе има, има слободни болнички капацитети и во моментов ситуацијата не е критична и ризична, но секако не сакаме да стигнеме до таму“, изјави министерот.
Според него, во болниците се исполнуваат инфективните одделенија, но сепак нема нагол раст како што беше на почетокот на месец ноември минатата година.
„Во моментов е тешко да се процени дали и колку ќе биде силен бранот којшто сега се јавува во смисла на зголемени новодијагностицирани случаи“, посочи Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

