Македонија
Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини
Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки партнер за набавка на вакцини. Иако во моментот нема да се прават нови нарачки на вакцини, партнерството е за да се обезбеди извор на вакцини доколку за тоа се појави потреба.
„Во вторник заедно со претставници од Министерството за здравство одиме во официјална посета на Белград. Ќе се сретнеме со министерот Лончар и со директорката на Институтот ’Торлак’. Ќе разговараме и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од Институтот ’Торлак’. Во овој момент не ни се потребни, но гледаме како се одвива работата со пандемијата. Има разни најави. Не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот ’Торлак’ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба во согласност со тоа како ќе се одвива пандемијата“, рече министерот Филипче.
Српскиот Институт „Торлак“ во средата почна да ја произведува руската вакцина „спутник В“.
Министерот Филипче вчера извести дека засега нови количини вакцини нема да се набавуваат оти е договорена набавка на 2,6 милиона дози од разни производители одговарајќи на новинарско прашање дали се преговара за нова набавка со „Торлак“.
На состанокот во Белград министерот Филипче рече дека ќе разговараат и теми во делот на соработката што ја имаат надвор од прашањето за вакцините, како што е доаѓањето нивни експерти кај нас во делот на гинекологијата, неонатологијата, како и во делот на кардиохирургијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

