Македонија
Филипче: 43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски против загадувањето
43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски за заштита од аерозагадувањето. Покрај нив, како ризична група, министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека маски треба да добијат и децата, но сè уште се работи на утврдување на нивниот број и начинот на кој тие би се поделиле.
„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски сè уште се утврдува. Сега бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, вели министерот за здравство Филипче.
Тој најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.
За ризичните групи граѓани министерот Филипче вчера најави дека ќе има маски. Синоќа Македонија беше четврта најзагадена земја во светот, а аеродагадувањето беше и 11 пати над дозволеното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

