Македонија
Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна
Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници.
Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, се истакнува во информацијата од неговиот кабинет, по посетата на затворот.
Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација.
„По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон.
При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета.
Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите“, се истакнува во соопштениетот од кабинетото на министерот за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)