Македонија
Филков: Почнуваме процес за функционален и независен Судски совет ослободен од политички влијанија
Денеска се одржа првата од серијата стручни дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет подготвени од страна на работната група формирана од Министерството за правда. Настанот е организиран во соработка и со поддршка од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Ова е само еден од неколкуте настани за консултирање на стручната јавност кои Министерството за правда планира да ги организира со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.
Министерот за правда Игор Филков ,во своето обраќање пред присутните рече дека Судскиот совет мора да функционира единствено во служба на правдата и ова тело треба да биде реформирано и да работи со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеењето на правото.
,,Очигледно ,досега функционалноста на Судскиот совет беше доведена во прашање во неколку наврати. Започнуваме отворен и транспарентен процес со присуство на експертската јавност, меѓународните организации, како и дел од невладините организации за изнаоѓање најквалитетни можни решенија за функционален пред се независен Судски совет ослободен од какви било политички влијанија,” изјави министерот за правда Игор Филков .
Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судски совет. Дискусиите ќе бидат сеопфатни, ќе ги вклучат сите релевантни фактори и ќе имаат за цел да создадат решенија кои ќе ја загарантираат независноста на овие институции.
Се очекува , планираните четири дебати да завршат до крајот на декември, по што ќе се излезе со конкретно решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.
Македонија
Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, извести Обвинителството.
И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет, соопшти Обвинителството.

