Македонија
Филков – Џанел: Холандија ги поддржува реформите во правосудството
Министерот за правда Игор Филков денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Н.Е Узлем Џанел. Разговараа за можностите за продлабочување на соработката, за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.
Министерот Филков и се заблагодари на амбасадорката за нивната посветеност за европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспрентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители, владеење на правото.
Амбасадорката Џанел му посака на министерот Филков успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

