Македонија
Финансиската поддршка за ранливите категории граѓани е на нивните сметки
Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за јануари во согласност со Законот за финансиската поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок поради попреченост и самохрани родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, и таа почна да се исплаќа од декември 2023 година.
Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, почнувајќи од декември 2023 година, изнесува:
- 3.000 денари месечно за корисници на пензија што оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка,
- 2.000 денари месечно корисници на пензија што оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денар до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и
- 1.500 денари месечно за корисници на пензија што оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денар до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.[email protected] или во архивата на Министерството за труд и социјална политика, со назнака „До комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“. Оваа финансиска поддршка се извршува без поднесување барање од страна на корисниците врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка. Доколку некои од граѓаните, односно корисниците во категориите опфатени со овој закон, не добиле финансиска поддршка, може да поднесе приговор до комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика во рок од осум дена од денот на извршената исплата на финансиската поддршка. Комисијата, по поднесените приговори, одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Граѓаните приговорите ги доставуваат по електронски пат на следната електронска пошта
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.
Македонија
Сиљановска доби честитка од кралот Чарлс
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката Сиљановска Давкова посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.
Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит.
Амбасадорот Лосон на претседателката Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.
„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како Претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како Претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од Кралот Чарлс Трети.
Македонија
Сиљановска Давкова се сретна со украинската амбасадорка Дир
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
На средбата, беше изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.
Двете соговорнички разменија мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.
Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посака успешно извршување на функцијата.