Македонија
ФОН доделува 2.000 стипендии за академската 2023/2024 година
Американскиот универзитет на Европа – ФОН објави дека по повод 20 години постоење заедно со 200 најголеми македонски компании инвестира во иднината на новите генерации на студенти, со обезбедување на целосни и делумни 2000 стипендии за студирање во академската 2023-2024 година.
Во рамките на Универзитетот функционираат 42 универзитетски програми, како и 88 сертифицирани обуки, тренизни и курсеви. Идните студенти може да се одлучат за некои од следниве 5 факултети:
Факултет за правни и политички науки
Факултет за економски науки
Факултет за информатика
Факултет за дизајн и мултимедија и
Факултет за детективи и безбедност
Истовремено информираат дека од денес започнува пријавувањето за РАН УПИС, за ситe кои се заинтересирани да студираат на некои од факултетите на АУЕ – ФОН или да запишат некои од сертифицираните обуки.
Пријавувањето за РАН УПИС ќе се реализира преку апликацијата на веб страницата на АУЕ ФОН, при што по оставањето на личните податоци, пријавените во рок од 48 часа ќе бидат контактирани од страна на тимот н ФОН.
Аплицирајте за РАН УПИС на следниот линк https://bit.ly/3KUiApD а повеќе информации може да добиете на www.fon.edu.mk
Повеќе информации за пријавувањето за РАН УПИС за академската 2023/2024 година, може да се добијат на телефонскиот број 070/ 345 – 999.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

