Македонија
Фотографии од обесено куче во Демир Капија предизвикаа бура на социјалните мрежи

Фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрозија корисиниците на социјалните мрежи во земјава.
Фотографиите доцна синоќа беа споделени на фејсбук-страницата на здружението Шепасти Ентузијасти.
Вознемирувачката содржина е објавена на овој линк.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?“, се вели во објавата на здружението.
Од таму порачуваат дека случајот ќе биде пријавен во МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и исто така ги повикуваат граѓаните да им пријават доколку имаат дополнителни информации околу овој грозоморен настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт

Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт.
Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашува, дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт.
„Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства?
Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно го ветува истото“.
Според него, СДС, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото, како што вели, ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври.
„ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски со јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблем за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии“, додава Манасиевски.
Македонија
МНР: Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации

Рамкaта за соработка на ОН 2026 – 2030 претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години, соопшти МНР.
Инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување. Ова се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (UNSDCF) 2026 – 2030, што денес ја потпишаа Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбија.
„Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Документ на кој сите сме многу горди! Сите активности предвидени во новиот Рамковен договор за соработка се комплементарни и во функција на европската интеграција на нашата земја. Новата Рамка за соработка е развиена во тесна соработка со Владата, следејќи обемен консултативен процес со различни институции и организации, со што се потврдува инклузивноста на процесот. Нашата Влада ќе продолжи да работи блиску со ОН за постигнување на поодржлив развој и ќе остане цврсто посветена на градење на просперитетно и инклузивно општество, создавајќи услови за посветла и поздравa иднина за сите наши граѓани,” истакна Муцунски.
Рамката за соработка на ОН претставува заедничка понуда на ОН во поддршка на националните развојни приоритети на Владата на Северна Македонија.
„Новиот договор за соработка е резултат на нашата заедничка визија со Владата, обликувана од вредни увиди од граѓанското општество, академската заедница и луѓето од секој агол на нашата заедница. Овој договор ја претставува нашата заедничка посветеност кон подобрување на животот на сите во земјата. Заедно утврдивме четири клучни приоритети што се меѓусебно поврзани и дизајнирани да се поддржуваат. Овие приоритети се усогласени со Националната стратегија за развој и ја претставуваат обединетата заложба за напредок на одржливиот развој, без да се остави никој зад себе. ОН ќе работи рамо до рамо со народот на Северна Македонија за создавање на посветла иднина за сите”, рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН.
Вкупно 15 агенции, програми и фондови на ОН (FAO, ILO, IOM, ITU, UNDP, UNECE, UNEP, UNFPA, UNHCR, UNICEF, UNIDO, UNOPS, UN Women, WHO) ја потпишаа Рамката за соработка, обврзувајќи се да ја поддржат и придонесат кон напредокот на земјата во постигнувањето на Целите за одржлив развој во наредниот период.
Македонија
Тридневна акција за собирање на кабаст отпад во Куманово

Во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ организира тридневна акција за собирање на кабаст отпад.
Акцијата ќе се спроведе во период од 12.09. до 14.09.2025 година (петок, сабота и недела).
Големи корпи за кабаст отпад ќе бидат поставени на следниве локации:
– населба Гоце Делчев (поранешен „Шипад“)
– населба Бабин Дол (кај последната трафостаница)
– населба Тоде Мендол (место викано Бараки).
Се апелира до сите граѓани кабастиот отпад (стар мебел, електрични уреди, големи предмети и сл.) да го одложуваат исклучиво на наведените локации во предвидениот период, со цел сите заедно да придонесеме за почиста и поуредна животна средина.