Македонија
Фотографирање гласачи и вербални навреди, МВР соопшти за неколку нови инциденти
Министерството за внатрешни работи соопшти за неколку нови случаи во врска со инциденти на гласачките места.
Во СВР Скопје било пријавено дека во село Горно Коњаре, Скопско, набљудувач враќал луѓе што оделе на гласање. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Берово женско лице телефонски пријавило дека околу 11.30 часот пред влезот на гласачкото место бр. 8, во с. Будинарци, Беровско, имало симпатизери на политичка партија кои вршеле притисок и ги спречувале граѓаните да гласаат, а исто така и неа вербално ја навредувале. По преземенитер мерки, не се пронајдени лица опишани во пријавата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Охрид било пријавено дека во 15.30 часот на гласачките места бр. 1280 и 1281/1 на улицата Марко Цепенков во Охрид биле забележани две лица како неовластено фотографираат гласачи. Во врска со настанот во Полициската станица Охрид е извршен разговор со Б.Л. (41), со живеалиште во Австралија. Се работи на расчистување на случајот.
Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во времето од 8 до 9 часот во село Лозово пред штаб на политичка партија, Б.Ц., претседател на општинскиот комитет на партијата, го запрел и фотографирал лицето С.З., кое одело на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Струмица било пријавено дека на каналот „Јутјуб“ биле објавени снимки од гласачкото место 1730 во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица. По преземените мерки, било констатирано дека снимката била направена од акредитирани новинари. Се работи на расчистување на случајот.
Во 15.20 часот Х.Б. пријавил дека на гласачкото место број 2593 во средното училиште „Лазар Таневски“ од страна на лицето А.А., домашен набљудувач, била фотографирана И.Ѓ.. А.А. е приведен во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.
Во СВР Штип било пријавено дека на гласачкото место 2247 во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип, Ф.Д.(неписмено лице) гласала со помош на Д.Г.. По ова, нејзиниот сопруг Џ.Д. ѝ го скинал гласачкото ливче. Претседателот на Избирачкиот одбор побарал интервенција од полицијата. Џ.Д. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Штип, а неговата сопруга заедно и претставникот на невладина организација на гласачкото место биле повикани на разговор во Полициската станица Штип. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

