Македонија
(Фото) Гулаби слободно шетаат во Собранието

Два гулаба денеска беа забележани во прес-салата во Собранието на Република Македонија додека се одржуваше седницата за интерпелација на Владата.
Гулабите избезумено летаа во прес-центарот, но останува прашањето како стигнале до тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.
Обајцата се потсетија на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.
За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.
Таа ја истакна нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхагенските предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.
Претседателот на Саборот на Хрватска изрази став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.
Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцираа грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.
На средбата стана збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.
Средбата заврши со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.
Претседателката испрати топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.
Македонија
Герасимовски: Признанието на Црвен Крст е потврда за хуманитарните активности спроведени во Општина Центар

По повод 80 години од основањето на Црвениот крст, на градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски му беше врачено јубилејно признание за клучниот придонес на општината во хуманитарните активности на локално ниво. Признанието му беше доделено на свечена церемонија, која ја организираше Црвениот крст на Општинската организација Центар.
„Ова е потврда за нашето цврсто партнерство со Црвениот крст и заедничката посветеност кон подобрување на животот на нашите сограѓани“, истакна Герасимовски, заблагодарувајќи се за добиеното признание.
Градоначалникот ги истакна клучните проекти реализирани во соработка со Црвениот крст на Општинската организација Центар: „Заедно имплементиравме услуги и проекти како што се ‘Итно копче’ за пензионерите, воведовме бесплатен транспорт за лица со попреченост над 18 години, организираме едукации за прва помош во училиштата и градинките, работилници, крводарителски акции, активности за поддршка на граѓаните за време на високите температури, како и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Нашата цел е да создадеме општина во која секој граѓанин ќе има поддршка и сигурност.“
Директорот на Црвениот крст на Општинска организација Центар, Ивица Бошков, ги поздрави заложбите на Општина Центар, истакнувајќи дека само преку соработката со локалните самоуправи Црвениот крст може да ја исполни својата мисија кон граѓаните. На настанот присуствуваа директори на училишта, наставници, претставници на здруженија и на пензионерите од Центар, како и долгогодишни соработници.
Македонија
СДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и ССМ делуваат заеднички, еден со друг си ги повторуваат тезите, манипулираат со јавноста и работниците и вештачки наметнуваат тези. Колку и да негираат, тоа е повеќе од очигледно и народот ги прочита, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Планот на делување, кој се реализира преку ССМ, како што оценуваат,осмислен им е, најверојатно, во кујната на СДС, надополнета со неформалните коалициони партнери ДУИ и Левица.
„Слободан Трендафилов на чело на ССМ, одработувајќи за својата позиција, е само алатка за реализација на планот на СДС, чија крајна е застој во развојот на државата.
СДС не сака Македонија да напредува и економијата да се развива, затоа преку ССМ сака десетици милиони евра да се трошат за придонеси, наместо да се инвестираат во развој кој ќе го подобри животот и ќе донеси бенефит за сите. На СДС му смета развојот и инфраструктурниот бум низ државата, не сака да се градат градинки, училишта, болници, улици, патишта. И тоа е многу очигледно“.
Државата, додаваат од партијата на Мицкоски, се стабилизираше, почнаа да растат платите и пензиите, а економскиот раст последните два квартали од минатата година е над 3%, ова се факти со кои СДС не може да се помири.
Според нив, и на СДС му е јасно дека со вакво темпо на развој на државата, тие полека но сигурно ќе потонат во заборав. Па, затоа преку вештачки креирани теми се обидуваат да бидат актуелни и за актуелизирање на тие теми, преку Трендафилов, го користат ССМ.
„Злоупотребувајќи ја својата позиција во ССМ, Слободан Трендафилов синдикатот го внесува во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица. Трендафилов одработува за СДС, за незаконски добиеното претседателско место и со тоа ја ставаат на коцка иднината на државата“.
Но, народот и работниците, истакнуваат од владејачката партија, ги прочитаа и добро знаат дека не се грижат за работниците, туку манипулираат во јавноста за свои лични интереси.