Македонија
(Фото) Со бакли и патриотски песни демонстрантите протестираат против промената на името

Со запалени бакли и патриотски песни пред собраниската зграда се протестира против промената на името и најавените уставни измени.
Демонстрантите извикуваат „Македонија“, „Македонија на Македонците“ и скандираат „Заев предавник“.
Претседателот на Семакедонски национален совет – Македониум, Страшо Олумчев, за медиумите изјави дека се собрале спонтано и дека собирот е израз на револт за она што се случи вчера.
Собранието е обезбедено со засилено полициско обезбедување.
Претходно повик за учество на протестите упатија неколку навивачки групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Реформската агенда е закопана во место, ниту еден закон не е влезен во собраниска процедура

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува, истакна пртседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната седница на советот.
Филипче во обраќањето порача дека голем дел од законите од реформската агенда кои се врзани со рок до јуни 2025 година не се влезени се уште во собраниска процедура.
„До јуни 2025 година треба да се донесат околу 20-тина а закони, а ниту еден од нив не е влезен во собраниска процедура. Тоа се закони најмногу во правосудтсвото, во делот на енергетиката, дигитализацијата и еден закон во областа на културата. Ние може да очекуваме поддршка и треба да очекуваме поддршка и таа поддршка ја добиваме од земјите кои се наши партнери, меѓутоа на крај од денот, најмногу останува на нас што ние тука ќе сработиме дома за да го унапредиме нашиот систем“, рече Филипче.
На седницата, тој посочи дека само со интензивна работа, претприемачки дух и визија може државата да се движи напред и да се зајакнат институциите, нешто што за жал во овој момент како што рече Филипче не е видливо од страна на Владата.
„Сметам дека стравот од некакви тамошни блокади треба конечно да го трансформираме во храброст и сите заедно да смогнеме сили државата да ја бутнеме напред, нема од што да се плашиме. Ако сите заедно кажеме дека нашиот национален консензус е членството во ЕУ конечно треба сите да работиме заедно. На крајот на краишта кога сме сите заедно никој не може да биде од надвор посилен од нас“, порача Филипче на денешаната собраниска седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Македонија
Казна од 6.000 евра за угостителски објект во Општина Аеродром за преголема бучава

Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од шест илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.
При мерење на бучавата од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава.
„Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вреднисти“, се истакнува во соопштението.
Општина Аеродром апелира до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и тие како институција да не бидат доведени до други вакви и слични ситуации во кои како што велат, мораат да изрекуваат прекршочни санкции.
Нагласуваат дека инспекторите на Општина Аеродром се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба. Ги повикуваат аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нивните служби.
Македонија
Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот како што појасни доцни бидејќи се уште не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест.
„Комисијата не успеа да го направи тоа, бидејќи имавме повеќе од 70 кандидати од Академија, кои исто така се тестираа. Претпоставувам тоа беше причината што повеќе се даде приоритет таму, бидејќи има многу кандидати и така се пролонгира постапката. Меѓутоа за брзо време ќе биде избран. Затоа изборот е ставен на седница на Судски совет, бидејќи во среда истекува мандатот на актуелниот претседател на Врховен суд, појасни тој пред почетокот на седницата на Судски совет.
На прашањето дали седниците на Судскиот совет кои се закажани за денеска и утре се користат како алиби за членовите за кои се бара интерпелација, да не присуствуваат на седницата на Собранието, Камбовски рече дека не постои таква намера.
„Апсолутно не. Немаше никаква намера. Ние кога се закажуваше нашата седница не знаевме дека ќе биде на иста дата и собраниската седница. Нашава седница воопшто не е пречка таа да биде одржана, и обратно, собраниската, пак, да биде пречка нашава да се одржи. Доколку некој од колегите изрази желба да отиде таму и да даде изјава, ние тука ќе ја прекинеме седницата и ќе почекаме да се врати. Значи нема да има никаква пречка ниту во Собрание, ниту во Судскиот совет“, појасни Камбовски и додаде дека останува да одлучат сами дали ќе бидат присутни на собраниската седница или не.
„Тоа е нивен избор, јас не можам во нивно име да кажувам, и не знам кој од нив одлучил да оди и да го користи правото да се обрати на Собранието. Доколку некој одлучи, ние тука ќе ја прекинеме седницата, ќе дадеме можност на колегата да отиде во Собрание, да си даде таму изјава, па ќе го почекаме да се врати назад и ќе продолжиме со нашата работа“.
Околу тоа дали очекува некој од нив да поднесе оставка, одговори дека тоа е личен чин.
„Не знам, тоа е личен чин, индивидуална одлука. Не можам јас, ниту очекувам, ниту не очекувам. Не знам како ќе се одлучат колегите, посочи Камбовски.
Камбовски кажа дека има пријавено кандидати за судии во сите судови, но нагласи дека смета оти нивниот избор нема да ги реши проблемите, туку само ќе ги ублажи.
„Треба уште судии за основните судови. Со ова го ублажуваме проблемот, но не го решаваме целосно’, нагласи тој.