Македонија
(Фото) Опожарено возило во Охрид
Ноќеска нешто по 01:30 ТППЕ Охрид извести дека примиле дојава за запалено возило во стариот дел на градот, на тешко пристапен терен.
„Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош!“, велат од ТППЕ Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (08 ноември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.
На брифингот присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година.
На овој брифинг му претходеше еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.
Македонија
Вицепремиерот Фетаи добил закани по живот на електронската пошта
Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл добил порака со закана по животот.
Фетаи ја објави заканата на социјалните мрежи, која како што вели, се случува по неговата изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик.
Вицепремиерот сподели и дека лично го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошовски за заканите и побарал постапување и зголемување на неговите мерки за лична безбедност.
Фетаи подготвува и тужба бидејќи, како што рече, заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според постоечките закони.
Македонија
Почина поранешниот функционер Тахир Хани
На 63-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ и пратеник, Тахир Хани.
Веста за неговата смрт ја објави ДУИ на официјалната Фејсбук страница на партијата.
„Со длабока тага ве известуваме дека денеска по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани. Погребот на починатиот ќе се изврши на 08.11.2024 година во 15:00 часот во с.Велешта“, соопшти ДУИ.
Тахир Хани во периодот 2006-2011 година беше пратеник во Собранието. Од 2011 до 2013 година беше заменик министер за транспорт и врски. Во 2013 година стана министер за локална самоуправа. Потоа продолжи со други активности во политиката, а на крајот беше заменик секретар на Владата.