Македонија
(Фото) Пак поплавена скопската обиколницата на која 22 лица го загубија животот

Скопската обиколница пак е поплавена. На истото место од каде што надојде водата пред речиси две години кога загинаа 22 лица, коловозот е затрупан со кал, камења и вода. Од големите вирови вода не се гледа дали има оштетувања на обновениот асфалт.
Возилата кои попладнево минуваа по обиколницата беа принудени да подзастанат за безбедно да го поминат делот со наноси. Вода се слеваше на патот иако дождот престана.
По поплавата во 2016 година, Јавното претпријатие за државни патишта без тендер, поради итноста, склучи договор со компанијата „Трансмет“ на Сеад Кочан за обнова на оштетените делови. Компанијата доби од државата 2,6 милиони евра и обврска да реконструира вкупно 1,5 километар во делот од клучка Арачиново до клучка Стајковци. Договорот беше склучен во октомври 2016 година, а градежните работи требаше да завршат за четири месеци. Компанијата не го почитуваше договорениот рок и градежните работи ги заврши на средината на минатата година, но Јавното претпријатие не кажа дали плаќаат пенали за доцнењето.
Градежни експерти, во неколку наврати по несреќата, предупредуваа дека треба да се најде ново решение за одведување на атмосферските води, но од Јавното претпријатие објаснувањата беа дека се предвидени само поправки на штетите од поплавите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.