Македонија
(Фото) Црн крст исцртан пред домот на скопски бизнисмен
Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „Макфакс“ го потврди случајот.

Фотографија од местото каде е исцртан крстот со името и презимето на бизнисменот
„На 18.02 во 8:30 часот З.Т. пријавил дека на улица Христо Смирненски има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во обвинителството и судот?“
Од полицијата известија дека во врска со опожарувањето на неговото возило, кое се случи лани, постапува скопското обвинителство. „Во врска со настан од 20.09.2018 година околу 4:00 часот на улица Христо Смирнески кога е опожарено патничко моторно возило Х5, со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето К. Т. од Скопје кое го користел неговиот татко З. Т. од Скопје, од страна на увидна екипа од СВР Скопје беше извршен увид и преземени се соодветни мерки и активности. За случајот е известен и јавен обвинител кој во координација со МВР врз основ на прибавените докази дава насоки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.

Бизнисменот Златко Тодоров рече за „Макфакс“ дека овие настани се последица од шестгодишното непостапување на обвинителстовото за кривичните пријави за случајот „Банки“. „Сите овие настани се последица на непостапувањето на обвинителството, по кривичните пријави, кои, по наши сознаија, МВР ги има поднесено во 2013 година и УБК преку БЈБ во 2017 година како и Упрвата за финансиската полиција“, вели Тодоров.
„Непостапувањето по кривичните пријави ги подгрева надежите на сторителите во аферата дека ќе се извлечат со вакви заплашувања и закани по живот. Арамиите се убедуваат дека ќе дојде до ослободување од процесот на кривично гонење. Во врска со натписите, во ‘Кубус’ нема еден купец кој побарал од нас аргументирано да постапиме дека има каков било проблем. Напротив. Склучени се и во тек на склучување има договори. Толку е за вербата што клиентите ја имаат во компанијата од 27 години работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

