Македонија
Фракцијата на ДУИ: Изборите во ограноците се театар, изборот веќе е направен по диктат на Ахмети
Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време, велат од Фракцијата на ДУИ преку соопштение.
Таканаречените „Огнени“ коментираат дека следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста.
„Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година“, велат од фракцијара.
Потсетуваат дека слични процеси како овие, диригирани и диктирани од горе, се одржани и во Полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со Огранокот во Тетово.
Демократската унија за интеграција денес одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 разграноци.
Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на разграноци, членови на раководството на разграноците, претседатели на локалните подразграноци и членови на раководството на локалните подгразраноци, процес што ќе го води партиската изборна комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Градоначалникот Сашко Митовски се фрли по светиот крст во водите на Крива Река
Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците.
По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на вера, заедништво и почит кон православните обичаи.

„Чинот претставува симбол на духовна чистота, обновување и нераскинлива врска меѓу традицијата, локалната самоуправа и народот. Во студените води на Крива Река, градоначалникот Митовски уште еднаш покажа дека вистинските вредности се чуваат и потврдуваат со дела“, соопштија од Општината.
По фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше заедничка празнична прослава. За присутните беа бесплатно поделени над 4.000 порции пивтија, топли пијалоци и скара на жар, а беше организирана и музичка програма. Празничниот ден беше збогатен со настапот на Ленче Кукиќ.
„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот Сашко Митовски.
Македонија
Филипче го честита празникот Богојавление – Водици
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита денешниот празник Богојавление – Водици.
„Го честитам големиот празник Богојавление, Бог се роди, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На момчето коешто и годинава исто како и лани го фати крстот, му посакувам многу успех и среќа оваа година. Тоа што скокна во ладните води на Охридското езеро е доказ за една голема храброст, голема умствена и телесна сила“, рече Филипче од Охрид.
Македонија
Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје
Дарко Митровиќ го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Вардар.

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.
Годинава се пријавија околу 160 граѓани да го фаќаат крстот во Вардар.

Одбележувањето на празникот Богојавление почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што богослужеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.
По завршување на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

