Македонија
Франција ќе ја одликува Шекеринска со орден за заслуги
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе биде одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“. Високото одликување во име на претседателот на Франција на министерката Шекеринска ќе ѝ биде врачено од министерката Женевјев Дариесек, државен секретар на Вооружените сили на Франција, утревечер на прием во резиденцијата на Франција во Скопје.
Орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“ се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963 година од генералот Де Гол.
Шекеринска го добива ова признание поради нејзиниот особен придонес кон развојот на односите меѓу Македонија и Франција, како и поради нејзината посветеност на промовирањето на европските граѓански вредности во Македонија.
„Одликувањето е признание за талентот, вредностите и исклучителната храброст на министерката Шекеринска“, потенцираат од Амбасадата на Франција и потсетуваат дека за време на мандатот на Шекеринска како заменик на претседателот на Владата задолжен за европски интеграции, во 2005 Македонија од Европскиот совет го доби статусот земја кандидат за членство во ЕУ, што претставуваше голем чекор за Македонија и позитивен сигнал за другите земји од Југоисточна Европа.
„Ова одликување за мене е голема чест и мотив да продолжам по патот што го одбрав – да ѝ служам на мојата земја со сиот личен и професионален капацитет, сето свое знаење и енергија да ги употребам во борбата за она во што верувам – слобода, демократија, еднаквост, правда, напредок. Мојата цел е да придонесам колку што можам во зацврствувањето на европските вредности во мојата држава, Република Македонија, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ, во име и за подобар живот на граѓаните. Припаѓам на влада која ја врати земјата на европската и евро-атлантската патека, ве уверувам дека патот на интеграцијата успешно ќе го изодиме“, рече министерката во пресрет на свеченоста на одликувањето.
Шекеринска е прв политичар од Македонија што од Република Франција добива признание од овој ранг.
Орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“ на министерката Шекеринска ќе ѝ биде врачен утревечер во 20 часот, на прием организиран во нејзина чест во резиденцијата на Франција во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.