Македонија
„Халкбанк“: Во грабежот нема повредени, средствата на клиентите се осигурени

Во грабежот што се случи попладнево во експозитура на „Халкбанк“ во Визбегово нема повредени лица. Од „Халкбанк“ велат дека средствата на клиентите се осигурени согласно со политиките на банката.
„Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица Јадранска магистрала во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот. Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно со политиките на банката“, се вели во писмената изјава.
Грабежот се случи околу 14 часот. Маскирани вооружени разбојници влегле во банката и им се заканиле на вработените со оружје. Тие одзеле засега неутврдена сума пари и избегале од местото со автомобил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.