Македонија
(Видео) Хан: Би сакал да ви се обраќам со Северна Македонија место ПЈРМ
Информирајте се и искористете го демократското право на глас – е апелот кој еврокомесарот Јоханес Хан го упати до македонските граѓани повикувајќи ги сите да излезат да гласаат на референдумот.
,,Секој глас е важен, искористете ја можноста да гласатe, ова е историска шанса”, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Еврoкомесарот кој е во посета на земјава вели дека треба да се спроведуваат реформите бидејќи за една година ќе треба да се види напредокотшто Македонија го направила, а тоа немало да биде мерливо само преку договорот за името.
На новинарско прашање околу средбите со дугите политички лидери, како и со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Хан вели дека му кажал дека референдумот не е партиски настан, ниту е момент за да се играат политички игри.
„Ова им го кажав на сите. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но најважното нешто е да се учествува. Преку тоа, да се покаже колку е важна одлуката. Сакам колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на референдумот бидејќи тоа е порака до ЕУ“, рече Хан.
Според него, одлуката на граѓаните ќе биде важен прилог кон стабилноста во регионот.
,,Воопшто не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ. Ако имам некое барање тогаш тоа би било во иднина да можам да ви се обратам како Северна Македонија, но вие ќе одлучите дали ќе можам да ви се обратам така”, рече Хан.
Тој најави дека идната недела ќе има важен состанок во Брисел, кој ќе го почне скринингот и ќе се означи почеток на подготвителните преговори со земјава за влез во ЕУ.
Тој упати апел до младите да го искористат своето право и да гласаат на референдумот. ,,Во многу европски земји младите луѓе не се подготвени да ги искористат можностите што ги имаат. Но, искуството вели дека секој глас е важен, затоа искористете го своето право, одете да гласате и одлучете. Се работи за обезбедување подобра иднина за граѓаните, особено на младите да им се даде можност да останат во земјата. За тоа треба да се создадат работни места, инаку не ќе може да ги задржите младите високообразовани луѓе во земјава. Јас имам свои очекувања, но треба да знаете дека ЕУ секогаш ќе биде на вашата страна, има многу можности доколку живееме заедничка иднина”, порача Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

