Македонија
Хелсиншкиот комитет бара темелна истрага за несреќата на градилиштето во Куманово
Хелсиншкиот комитет бара темелна истрага за несреќата на градилиштето во Куманово во која се повредени десет работници, од кои двајца се во критична состојба. Од таму велат дека несреќата уште еднаш ја потврди нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа. Притоа, велат од таму, градежништвото и понатаму останува најризичен сектор, каде што несреќите со фатален исход се најчести.
„Со жалење констатираме дека фактот што според методологијата на МЗЗПР од 2010 до 2018 година на работно место животот го загубиле најмалку 318 работници, а со повреди се здобиле најмалку 895, не предизвикува соодветна реакција кај надлежните институции за да се намали црната статистика и да се подобри безбедноста“, се вели во соопштението.
Иако Хелсиншкиот комитет, додаваат од таму, редовно апелира до работодавачите доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува.
Притоа, велат од Хелсиншкиот комитет, проблемот не го лоцираме во недостигот на законска регулатива, туку во недоследната имплементација на законите – и во однос на превенцијата на несреќи на работно место и во однос на санкционирањето на пропустите кои довеле до вакви инциденти.
„Комитетот се обрати до Државниот инспекторат за труд да спроведе темелна истрага за овој случај, да ја лоцира одговорноста за несреќата и соодветно да ги санкционира сите кои со непостапување или прекршување на законите и процедурите дозволиле да се случи уште една во низата вакви трагедии“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

