Македонија
Хелсиншки комитет: Трагедијата во Тетово оправдано ја зголемува недовербата на граѓаните во институцииите
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сочувство до семејствата на жртвите и инсистира на објективно и навремено расветлување на големата трагедија во тетовската модуларна болница.
Комитетот бара и очекува од надлежните институции да спроведат темелна истрага, со која ќе се утврдат причините за пожарот кој одзеде 14 човечки животи, како и да преземат мерки за утврдување одговорност кај лица и институции, особено во поглед на превентивните мерки за заштита и почитувањето на здравствените и безбедносните протоколи во болницата во Тетово.
„Оваа огромна загуба оправдано ја зголемува недовербата на граѓаните во институцииите на системот и затоа е клучно истрагата да се одвива професионално и транспарентно. Само на тој начин, надлежните органи може да го минимизираат просторот за шпекулации во јавноста и последователните штети, кои во голема мера може да го загрозат справувањето со последиците од пандемијата“, велат од Комитетот.
Со оглед дека изминатава година се изградени 19 модуларни болници, а имајќи ги предвид информациите дека е отворена посебна истрага за оваа јавна набавка, велат од Хелсиншки, обвинителството треба во најкус можен рок да излезе со информации кои ќе ги расчистат дилемите околу безбедноста на овие објекти.
Од таму сметаат дека дополнителните капацитети за хоспитализација на ковид-пациенти се од огромна важност за функционирање на здравствениот систем во време на пандемија, но истите треба да бидат оставени во функција само доколку ги исполнуваат безбедносните стандарди.
Хелсиншкиот комитет ја поздравува одлуката за вклучување на странски експерти во истрагата, што, според нив, ќе придонесе за кредибилитетот на самата истрага и нејзините резулати.
„Комитетот продолжува да ја следи работата и постапувањето на надлежните институции на државата, од кои бараме највисоко ниво на професионалност и непристрасност во расчистувањето на оваа трагедија“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

