Македонија
Хелсиншки: Што побргу да почне процесот за формирање стручна комисија за заштита од дискриминација
Хелсиншкиот комитет го поздравува усвојувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација.
„Со 69 гласови ‘за’, еден воздржан и без ниту еден глас против, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа законот кој првично беше донесен во мај 2019 година, но поради неисполнет собраниски кворум, беше укинат од страна на Уставниот суд во јуни 2020“, појаснуваат од Комитетот.
Од таму додаваат дека ова законско решение треба да понуди подобра превенција и заштита од дискриминација, да гарантира транспарентен избор на стручна, професионална и независна комисија за спречување и заштита од дискриминација, да го подобри административното работење на комисијата со воведување стручна служба на комисијата, да ја скрати и направи поефикасна постапката за заштита од дискриминација пред комисијата и да го олесни пристапот до судска правда во случаи на дискриминација.
„Следен чекор, кој е неопходно што побргу да се случи, е почнување на процесот за формирање нова, независна, стручна и професионална комисија за спречување и заштита од дискриминација. За таа цел, апелираме Собранието, по стапувањето на законот во сила, во најкус можен рок да објави јавен оглас за избор на членовите на комисијата“, порачуваат од Хелсиншкиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

