Македонија
Химната нема да се менува, за МАНУ се водат преговори
На градовите Македонски Брод и Македонска Каменица нема да им се менува името, а нема да има промени ниту во химната. Што се однесува до Македонската академија за наука и уметности (МАНУ), се водат разговори со академиците и кога ќе имаат информации ќе бидат соопштени, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
„Три принципи се употребени при промената на имињата на називите. Секаде каде во името се содржел зборот Република Македонија или Македонија сега е заменето со Република Северна Македонија. Принципот на замена на придавката македонски/ка на оние институции кои се од национален, државен карактер се менува со национален/на. Придавката македонски/ка се употребува секогаш кога е поврзана со културен етнички идентитет, на пример македонски народ, македонски јазик, македонска литература, македонска историја, македонско кирилично писмо“, рече Бошњаковски.
Десетици институции ќе добијат нови имиња, табли, логоа, веб-страници и документи по промената на државното име. Според упатствата на Владата, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија Скопје ќе треба да го промени називот во Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија Скопје, Националната установа Македонска филхармонија ќе стане Национална филхармонија, Македонска радиодифузија ќе се применува во Национална радиодифузија, а Македонската опера и балет во Национална опера и балет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

