Македонија
Холандија ќе испрати тестови за коронавирус во земјата развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија
Холандија ќе ѝ даде поддршка на земјава преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија, кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација. Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена.
Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно-транскрипциска полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментот најсензитивната метода за детектирање на вирусот. МААЕ има опширно искуство во пренесувањето на знаењето и на материјалите. Технологијата користена за овие тестови е првично воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на зика и ебола.
„Запирањето на пандемијата на коронавирусот е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола“, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок. Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ, кои ќе бидат дистрибуирани во Северна Македонија, Украина и Мароко, изнесува 500.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.