Македонија
Холштајн: Се подготвува рамка за преговори со Северна Македонија
На денешната онлајн-седница на Владата, амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, ги претстави приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година.
Особено значајно за Северна Македонија, потенцира амбасадорката, е што посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ.
„Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Северна Македонија и Албанија земајќи ја предвид новата методологија за проширување, во која, според СР Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања, кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно“, соопштија од владината прес-служба.
Премиерот Оливер Спасовски во име на Владата се заблагодари за презентацијата и ѝ посака на Германија успешно претседавање со Советот на ЕУ и изрази очекување дека ова ќе биде историско претседавање поради исклучителната важност на приоритетите, како и поради историската можност за Република Северна Македонија да ги почне преговорите по поглавја за членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

