Македонија
Хрватската амбасадорка Тигањ: Вашата земја покажа спремност за зачувување на стабилноста во регионот

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.
На средбата амбасадорката Тигањ истакна дека е позната поддршката која Хрватска ја дава на Северна Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија.
„Вашата земја направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот“, истакна Тигањ.
На средбата се разговараше и за претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, при што соговорниците констатираа дека тоа е одличен момент за заокружување на поддршката и оти донесувањето на позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен за политичко внимание, оценуваат од коалицијата „Вреди“
„Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може „Вреди“ да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на Албанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи.
Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата“, истакнуваат од коалицијата.
ДУИ, според нив, се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се, додаваат од „Вреди“.
„Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа“.
Апелираат до како што го нарекуваат, здраворазумното членство на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство. Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди на добар пат се цела партија да биде ставена на црна листа, нагласуваат од коалицијата.
Македонија
Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието, истакнуваат од СДСМ.
Според нив, наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека „не е лошо човек понекогаш и да се извини“.
Оваа изјава, како што оценуваат, не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација. Напротив, додаваат, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот.
„Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени.
Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените“.
СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Како што истакнуваат од партијата, ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.
Македонија
„Власта да не го игнорира предлогот на ССМ за покачување на минималната плата, во спротивно ќе поднесеме законско решение“, велат од Левица

„ДПМНЕ наместо да глуми опозиција и да се пасивизира во корист на бизнисот, редно време е да ја изврши својата владина обврска во трипартитниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите и веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра! Ова не е популизам, туку неопходен чекор што реално ја одразува економската состојба и енормниот раст на животните трошоци“, велат од Левица.
„Повеќе од јасно е дека ветувања кон граѓаните за подобар животен стандард и повисоки примања беа само изборна лага за освојување на власта, Денес, гледаме неспособност и негрижа кои резултираат со раст на инфлацијата, енормни поскапувања и зголемена сиромаштија. Минималната плата денес не е доволна ни за покривање на основните потреби, а владината коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ очајно се обидува да го прикрие овој пораз.
Благодарение на Владата, граѓаните наместо достоинствен живот, добија зголемени сметки за струја, поскапена храна и нејзино јавно наклонување кон капиталот.
Синдикалната кошничка ни покажува дека трошоците за месец јануари 2025 година, споредбено со истиот месец во 2024 година, се зголемени за 6.089 денари или 10,65%, од кои само храната е поскапена за 2.191 денар или 10,43%. Оттука, законското зголемување на минималната плата за околу 1.800 денари не е доволно ни да го покрие ова покачување, а не пак да го подобри стандардот на граѓаните.
Додека цените растат, а Мицкоски советуван од скапите владини советници се занимава со забрани за граѓаните да јадат цреши и грашок од конзерва, Левица ги повикува да се соочат со реалноста и да го вратат достоинството на работникот. Прифаќањето на предлогот на ССМ е минимумот што треба да го направи оваа власт и истиот е повеќе од релевантен и вистински ја одразува состојбата со порастот на цените. Редно е власта да се оддели од спрегите на бизнисот и да сработи нешто за своите граѓани на кои им ветуваше подобар живот.
Левица го поддржува предлогот на ССМ. Зголемена минимална плата е неопходна за намалување на сиромаштијата и социјалните разлики. Доколку власта не покаже слух за својот народ, Левица како единствена партија која вистински се залага за работниците – ќе предложи законско решение во Собранието“, соопшти Левица.