Македонија
Хрватската заедница во Македонија изрази поддршка за реформските чекори на Владата
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со Ненад Живковиќ, член на Советот на хрватската Влада за Хрватите надвор од земјата, со Невенка Костовска, претседателка на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, и претставници од хрватската заедница во земјава.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата посебно се разговарало за состанокот најавен за 10 мај во Скопје, што ќе се одржи меѓу мешовитите комитети на Македонија и на Хрватска за следење на спогодбата меѓу двете земји, за заштита на македонското малцинство во Хрватска и на хрватското малцинство во Македонија. Состанокот е договорен по 8-годишен застој, поради што беше констатирано дека е потребно да се посвети внимание на реализацијата на обврските што произлегуваат од спогодбата меѓу двете држави.
На средбата биле поздравени и граѓанските политики на премиерот Заев и на новата Влада, насочени кон грижа за сите граѓани во државата, независно од етничката или каква било друга припадност. Нагласено било дека Владата и Република Македонија ја имаат поддршката и од граѓаните Хрвати во Македонија и од Република Хрватска, во реформските чекори, демократските процеси, добрососедските односи и евро-атлантските интеграции на нашата држава.
Претставникот на Советот на Владата на Хрватска, Ненад Живковиќ, на состанокот пренел и дека има заинтересирани фирми од Хрватска за инвестирања во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

