Македонија
Хуманитарна акција на Црвениот крст – „Заедно каде што е потребно“
Црвениот крст на Република Северна Македонија, поради состојбата со вирусот Ковид-19, со цел да обезбеди помош за граѓаните на кои таа им е најпотребна, организира хуманитарна акција: „Заедно каде што е потребно“.
Од Црвениот крст ги повикуваат сите хумани граѓани и правни субјекти, кои се во можност до 10 мај оваа година, да донираат парични средства, прехранбени производи, средства за хигиена и дезинфекција.
Донации може да се оставаат во просториите на Црвениот крст во сите градови и општини. Финансиски средства може да се донираат на:
– сметка на фондот за солидарност на Црвениот крст на РСМ – 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Покрај ова, средства во износ од 100 денари може да се донираат и со избирање на телефонскиот број: 070/075/077 143 400.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

