Македонија
Царинската управа спречи меѓународен синџир на нелегална трговија со анаболички супстанции
„Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболички стероиди, чие производство, продажба и употреба со закон е строго забрането. Запленети се 32 кутии со 192 килограми анаболички стероиди во вредност од 5,5 милиони денари, штетни за здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава. Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална употреба, како и Testec, Testen и Sustamix за инјекциска употреба. За случајот добиено е и признание од Светската антидопинг-агенција дека македонската Царина влегла во трага на меѓународен синџир на нелегална трговија со вакви супстанции, што претставува модерен тренд на забранети стимулативни супстанции што предизвикуваат зависност. Со оваа заплена Македонија во моментот е во топ-3 земји на светско ниво на листата на Светската антидопинг-агенција за заплени на забранети супстанции“, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информира за случајот.
На настанот беше присутен и министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изрази благодарност и поддршка во напорите на Царинската управа за сузбивање на ваквите криминали.

„Државата ќе стои цврсто против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати“, истакна министерот Ристовски и изрази цврста заложба во борбата против употребата на недозволени средства во спортот.
Директорот Николовски алармира дека легалните аеродроми во моментот се таргет за криминалците, при што целта им е допинг-супстанциите да стигнат на таргетираниот аеродром, во овој случај нашиот, и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Во случајот, вели тој, станува збор за производител од Индија, со дебело криминогено минато, кој сакал со лет од Сингапур до Истанбул и потоа од Истанбул до Скопје стоката да ја дистрибуира на фиктивен пазар, односно како крајна дестинација е наведена Чешка, каде што ваквите производи се исто така строго забранети.

„Истрагата, која е поведена од страна на Царинската управа врз основа на сомнение, утврди дека податоците за чешката компанија се лажни, односно дека таа нема извршено нарачка на ваков вид производи. Притоа направен е тест со спектометар, кој покажа дека станува збор за анаболички стероиди. Во соработка со јавен обвинител направена е форензичка анализа од страна на МВР, каде што се потврди дека станува збор за анаболички стероиди. Воедно, од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД и Националната антидопинг-агенција во рамките на Светската антидопинг-агенција и Министерството за спорт добиен е одговор дека анаболичките стероиди се во согласност со законот строго забранети. Во согласност со добиените докази, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против сторителот“, информира директорот Николовски, при што упати благодарност до Светската антидопинг-агенција за соработката во овој случај, до Министерството за спорт и особено до царинските службеници.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

