Македонија
Царинската управа: Приходите во буџетот наплатени од Царината зголемени 7 проценти
Приходите наплатени од Царинската управа во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарда денари или 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, вели дека резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината.
„Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во буџетот, односно повеќе пари за изградба на патишта, училишта, болници. Ова е нашата цел, која, како што покажуваат резултатите, ја остваруваме“, вели Богоев и притоа додаде дека остварените резултати значат поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата. Приходите од ДДВ при увоз во првото тримесечје годинава изнесуваат 17,9 милијарди денари или за 4,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, приходите од царина се зголемени 14 проценти, приходите од акциза од енергенти се зголемени 12,5 проценти, приходите од акциза од алкохол и алкохолни пијалаци 8,3 проценти, а од тутунски производи 6,3 проценти. Наплатата на данок на моторни возила во однос на минатата година е зголемена 153,7 милиони денари или 33,9 проценти во споредба со првото тримесечје минатата година“, додава Богоев
Во последната анкета на Советот на странските инвеститори, Царинската управа, како што вели, е орган од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

