Македонија
Царовска во Крива Паланка и Радовиш: Ги зголемивме пензиите 700 денари, а платите растат
Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со граѓаните на Крива Паланка и Ранковци. Тема на разговор беа мерките што Владата предводена од СДСМ ги спроведува во интерес на граѓаните и следните предизвици.
„Навистина сум среќна што од идната недела секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија од 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец, што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни приближно 9.000 денари на своите сметки“, рече Царовска.
Царовска истакна дека изминатиот период силно се работеше на намалување на сиромаштијата. Со имплементацијата на социјалната реформа помошта кон најранливите е зголемена во просек 300 отсто.
„За две и пол години минималната плата е зголемена 60 отсто и сега изнесува 14.500 денари. Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември им ја зголемиле платата на 106.000 работници. Со неколку законски измени материјално обезбедивме 12.000 стечајци до пензионирање. Продолжувам понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред“, рече Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека Крива Паланка и Ранковце инфраструктурно се зајакнуваат со изградба на нови капитални објекти и патишта што се во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

