Македонија
Царовска: Здрава и безбедна средина за попродуктивни работници и економски раст
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работата, посветен на здравјето и безбедноста на млaдите работници и укинување на детскиот труд, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се обрати на настанот со наслов „Безбедна и здрава генерација“, во организација на Националниот совет за безбедност и здравје при работата, а под покровителство на Министерството за труд и социјална политика.
Царовска истакна дека едно од основните човекови права и предуслов за успешна работа и поголема продуктивност на работникот е чување и унапредување на здравјето на работниците, прашање на кое оваа Влада е целосно посветена.
„Сите ние заеднички ја созадаваме таа безбедна и здрава средина за да имаме попродуктивни работници. Без продуктивни работници, не може да имаме економски раст и развој на оваа држава“, истакна Царовска притоа честитајќи го Светскиот ден за безбедност и здравје при работата.
Надополни дека Министерството интензивно работи на спроведување на законите и правилниците поврзани со ова прашање, но и ги повика сите работници и работодавци да се придржуваат до нив затоа што, како што рече, ако младата генерација не ни биде здрава, тогаш ние нема да имаме здрава млада работна сила која е во интерес и на работодавците и на државата.
Во таа насока МТСП пред еден месец организира акција во која на невработените лица им беше овозможен бесплатен преглед во Институот на медицина на трудот за да добијат потврда за својата здравствена состојба и може да ја искористат при пријавување за работни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

