Контакт

Македонија

Царовска на онлајн-состанок со директори на училишта: Успешно течат онлајн-предавањата и наставата со физичко присуство

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вечерва одржа координативен онлајн-состанок со речиси 300 директори на основните и средните училишта.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се зборуваше за одвивањето на наставата во услови на пандемија со физичко присуство, но и за функционирањето на онлајн-наставата.

Директорите на координативниот состанок истакнаа дека основните и средните училишта успешно ја спроведуваат онлајн-наставата за повисоките одделенија, а наставата со физичко присуство за децата од 1 до 3 одделение се спроведува со почитување на протоколите и мерките за заштита.

Министерката Царовска истакна дека редовното одвивање на наставата е во интерес на учениците и нивниот развој. Затоа е неопходно да се обезбедат сите услови за непречено одвивање на образовниот процес и заеднички да се надминуваат предизвиците, како што се интернет-конекција и ИТ-уреди за што МОН е во постојана комуникација со локалните самоуправи.

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;

– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај;

– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ, општина Аеродром;

– Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време, попладне дожд

Објавено пред

Од

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Објавено пред

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа2 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија2 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија16 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија16 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија18 часа

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија19 часа

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија19 часа

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија20 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија21 час

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ21 час

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет23 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет24 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет24 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа1 ден

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа1 ден

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа1 ден

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа1 ден

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет2 дена

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...