Македонија
Царовска: Обезбедуваме современи услови за настава за секое дете
Министерките за образование и наука и за одбрана, Мила Царовска, Радмила Шекеринска и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска го посетија обновеното училиште „Пецо Даскалот” во Заполжани, општина Долнени.
Министерката Царовска при посетата изјави дека со реконструкција Владата ги исполни ветувањата на жителите и на дечињата дадени пред нецела година за реконструкција на училиштето.
„Навистина сум среќна што денеска сме овде во обновеното училиште кое доби целосно нов и современ изглед, а учениците од септември учебната година ќе ја започнат како што доликува, во безбедни и достоинствени услови. Со осовременување на училишните објекти и обезбедување современи услови за настава ги задржуваме младите во своите родни места со што придонесуваме за рамномерен развој на целата држава. Со ова како влада покажавме и докажавме дека подеднаквата грижа за децата е наш врвен приоритет и дека нема пречки да се обезбедат финансии кога се работи за унапредување и развој на квалитетот на образованието. Овие наши напори беа поткрепени со поддршка од Владата на Швајцарската конфедерација, односно Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, која ги обезбеди финансиските средства во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, Швајцарскиот проект, за што изразувам огромна благодарност до амбасадорката”, рече Царовска.
Tаа потенцира дека секоја паметна држава вистински инвестира во образованието на децата, со што директно влијае на развојот на економијата.
„Ова се и главните цели на реформските процеси кои ги започнуваме од новата учебна година – создаваме современо образование за што развивме нови квалитетни наставни програми, инвестираме во подобрување на условите во училиштата, но и во поддршка и развој на наставниот кадар”, рече Царовска.
Согласно проектот реконструиран е објект со опфат од околу 300 м2, односно две училници, наставничка канцеларија, помошни објекти за одвивање практична настава, како и помошни управни простории. Инвестирани се околу 6 милиони денари од кои половината се од Министерството за локална самоуправа, а другата половина од швајцарската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

