Македонија
Царовска: Повеќето матуранти не ја бојкотираат наставата
Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека само учениците од една скопска гимназија организираат бојкот на наставата поради државната матура.
„Тоа се мали групи што искажуваат свој револт, секако дека тоа е нивно легитимно право, само една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување во однос на бојкот на наставата, сите други се мали изолирани групи во гимназиите во Скопје, а во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира“, вели Царовска.
Таа вели дека има две здруженија на средношколци, едното е она што е легитимирано од самиот старт, а другото е регистирано неодамна, првото е Сојузот на средношколците, а второто Глас на средношколците.
Според Царовска, матурата треба да се спроведе на начин на кој сега е утврдена, а понатаму да се измени и осовремени.
Таа истакнува дека сепак средношколците имаат избор помеѓу државната и училишната матура, во зависност од тоа дали сакаат да го продолжат своето образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

