Македонија
Царовска: Потпишувањето на договорот за „Хоризонт Европа 2021-2027“ е директна поддршка на науката за развој
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во име на Владата потпиша меѓународен договор со Европската Унија за учество на Северна Македонија во рамковна програма за истражување и иновации за периодот од 2021 до 2027 година.
Со приклучувањето кон оваа програма земјата добива можност за зајакнување и зголемување на можностите за интернационална и регионалната соработка во делот на науката и иновациите, интернационален пристап во заедничките истражувања, интегрирање на земјата во европската истражувачка област и исполнување на целите за отворена наука и пристап до информации. Дополнително, се отвора пазарот за истражувачи, истражувачка инфраструктура, мобилност и соработката со други земји на ова поле.
Програмата „Хоризонт Европа“ е досега најамбициозната програма на ЕУ со буџет од 95,5 милијарди евра и претставува основен инструмент за финансирање на истражувањата и иновациите на европско и глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

