Македонија
Царовска-Рутковски: Светска банка ја препозна социјалната реформа како позитивен пример во регионот
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се сретна со директорот за социјална заштита во Светска Банка, Михал Рутковски, и неговиот тим при официјалната посета на Вашингтон, САД. На средбата Царовска и Рутковски разговараа за успешната имплементација на социјалната реформа во Северна Македонија. Царовска рече дека приорите на Министерството за труд и социјална политика е да продолжи со спроведување на процесите коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.
Рутковски потенцираше дека Светска банка е подготвена да продолжи со силна поддршка во реформските процеси во социјалната заштита и дека Северна Македонија токму по оваа реформа е препознаена како позитивен пример во регионот.
Посетата на Вашингтон министерката Царовска ја искористи и за средба со потпретседателката за човечки капитал на Светска банка Анет Диксон. Царовска и Диксон разговараа за потребата Северна Македонија да донесе Национална стратегија за вложување во човечкиот капитал.
На средбата беше потенцирано дека државата веќе работи на подобрување на човечкиот капитал со спроведување на длабоки и тековни реформи. Овие реформи се од суштинско значење за инклузивен раст, бидејќи обезбедуваат еднакви можности за најранливите, како и вложување во раниот детски развој.
Министерката Царовска учествува на обуките за социјална работа и заштита коишто се одржуваат во Светска банка. Царовска претходно имаше воведно обраќање на министерската панел-дискусија „Политичко-економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“ во седиштето на Светска банка во Вашингот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

