Македонија
Царовска: Учениците ќе бидат дел од ПИСА-тестирањето во 2022 година, во тек се пробно тестирање и интензивни подготовки
Македонија ќе учествува во меѓународното ПИСА-тестирање што го организира ОЕЦД, а ќе се спроведе во 2022 година и за таа цел интензивно се подготвуваме речиси една година, изјави министерката Царовска.
Таа се надева дека при проверката на научната и математичката писменост, писменоста за читање и креативноста во размислувањето, учениците ќе покажат подобри резултати во однос на изминатите тестирања.
„За тоа и, всушност, ги подготвуваме. Но, значителен напредок очекувам да постигнеме за 5-6 години од сега кога целосно ќе се заокружи реформата во основното образование, која ја почнавме годинава, а една од иницијалните причини беа токму слабите резултати на ова и неколку други меѓународни тестирања во минатото“, рече таа.
Царовска заедно со директорката на Државниот испитен центар во скопското средно училиште „Боро Петрушевски“ – АСУЦ го означија почетокот на пробното ПИСА-тестирање, кое ќе се спроведува во следните 10 дена, а учествуваат 885 ученици на 15-годишна возраст од 13 средни училишта.
„Со цел запознавање со процедурите за спроведување на тестирањето, за наставниците уште во текот на минатата година беа организирање онлајн-обуки, а поголема група ученици денеска е дел од пробното тестирање преку кое ќе ги увидиме сите аспекти на кои ќе треба да се посвети поголемо внимание при главното тестирање в година. Мораме добро да се подготвиме и да добиеме објективни резултати. Тие нам ни се особено важни како земја во развој и ќе бидат патоказ за креирање на идните образовни политики“, рече Царовска.
Министерката потсети дека токму како резултат на слабата подготвеност на учениците да го применат во реалниот живот тоа што го научиле на училиште, што се покажало на претходните ПИСА-тестирања кога бевме меѓу последните земји, усвоена е нова концепција за основно образование врз основа на која почна и етапно креирање нови наставни програми и материјали за учење, кои воедно и се дигитализираат, а интензивно се вложува и во опремување на училиштата, со што треба да се обезбеди поинтерактивна и поефективна настава.
ПИСА е најголемото светско меѓународно истражување во образованието во кое се вклучени ученици на 15-годишна возраст. Се спроведува уште од 2000 година од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и во него се вклучени повеќе од 85 земји учеснички. Преку ова тестирање се мери примената на знаењата од научната писменост, математичката писменост, писменоста за читање на учениците, а во 2022 година првпат ќе се мери креативно размислување на учениците.
Северна Македонија преку Министерството за образование и наука до сега има учествувано во три циклуси: ПИСА 2000, ПИСА 2015, ПИСА 2018. Ова ќе биде наше четврто учество во студијата, а реализатор е Државниот испитен центар.
За успешна реализација на пробното тестирање, кое во следните 10 дена ќе се спроведува електронски, обезбедена е поддршка од Светската банка за набавка на информатичка опрема исклучиво за оваа цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

