Македонија
Цвекло, феферонки и мусли се на листата на лукзусни производи на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ и обвинуваат за грабеж
Владата на ДУИ и СДС пак ги мами и ограбува граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Под превезот ДДВ за луксузни производи, Владата поскапува и производи кои се дел од секојдневната потрошувачка кошница на просечните, па и на посиромашните граѓани. Целта е јасна, да се полни буџетот на сметка на џебот и стандардот на народот, се вели во соопштението.
„Владата ја објави после долго криење листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5% и на неа се најдоа производи како замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли, храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видови бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Ова ли се луксузните производи за кои говореше владата кога го менуваше законот за ДДВ? Ако овие се луксузните производи, тогаш Владата им порачува на граѓаните да јадат леб и сол.
Оваа листа на производи, која патем власта ја криеше дури се носеа измените на законот за ДДВ, значи дека се дотолчува и онака уништениот стандард на народот. Оваа листа власта мора веднаш да ја корегира и да ги тргне овие производи од листата на продукти за кои ќе се плаќа 10, наместо 5%.
Оваа неспособна и алчна власт мора да си замине, бидејќи народот тоа премногу скапо го чини“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Чипсот и сладоледот поскапуваат оти се нездрави за луѓето, рече Битиќи, а за лутеницата не знаеше зошто е луксузен производ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

