Македонија
Цветанка Периќ избрана за нов врховен судија

Судијката Цветанка Периќ од Апелацискиот суд во Скопје е избрана за нов врховен судија кривичар во Врховниот суд со 13 гласа.
На огласот се пријавиле четворица кандидати, меѓу кои и членот на Советот, апелацискиот судија Зоран Теофиловски, судијката од Штип Данка Ристова, управната судијка Снежана Трповска. Теофиловски и Трповска ги повлекоа пријавите.
Периќ има 6 години и 8 месеци стаж како апелациски судија и беше прворангирана со 258 бодови.
Одбраната на осудениот Никола Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО побара изземање на претседателката на судечкиот совет, Цветанка Периќ, затоа што против неа во Судскиот совет имало постапка за утврдување одговорност за една судска одлука
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.