Македонија
Центарци се жалеле на гласна музика, па инспекции влегоа во ресторани среде журка – казните се од 6 до 13 илјади евра ако биле бучни

Општина Центар продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните, по примените поплаки од жителите.
„Вчера вечер, во придружба на општинските инспектори и овластена лабораторија за мерење бучава, бевме на терен каде беа извршени мерења на нивото на гласна музика. Овие денови ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Да потсетам дека казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра“ објави градоначалникот Грасимовски.
Тој ги повика сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.