Македонија
Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ
На денешната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ беа утврдени предлозите за членови на Централниот и на Надзорниот одбор на ДОМ за кои ќе се одлучува на петтиот конгрес на ДОМ.
Централниот одбор на ДОМ ја утврди актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин, како единствен предлог за претседател на партијата.
Во согласност со внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и на Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жените на ДОМ.
„На 16.10.2022, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука за одржување на петтиот конгрес на ДОМ на 27.11.2022. На 18.10.2022, ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиума, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот“, е наведено во соопштението од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

