Македонија
„Цивил“: Итно да се санкционираат поттикнувањето насилство и ширењето меѓуетничка омраза

Во пресрет на денешниот дочек на ракометарите на „Вардар“, кои вчера ја освоија европската титула, Центарот за слобода „Цивил“ ги повикува сите граѓанки и граѓани да не потклекнуваат на провокации и мирно и достоинствено да го прослават враќањето на европските шампиони.
„Ги повикуваме ракометарите остро да го осудат секој обид за ширење говор на омраза и насилство! Бараме од институциите да реагираат на време и да не дозволат уште една „рослава на омразата! Да ги преземат сите мерки, да ги истражат овие случаи и итно да ги санкционираат поттикнувањето на насилството и ширењето меѓуетничка омраза.
Ги повикуваме и охрабруваме граѓанките и граѓаните да ги пријават сите случаи на говор на омраза и дела од омраза.
„Цивил“ најостро ги осудува сите форми на поттикнување насилство, говор на омраза и предизвикување меѓуетничка омраза. „Цивил“ и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со синоќешните инциденти. Неказнивоста на овие дела мора да запре засекогаш!“, порачаа од „Цивил“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.